Фудбал - 3 коло

28 гола за полн сјај на Лигата на шампионите

20.10.2016 17:09

Иако и вторпат убедливо губи како гостин на Камп Ноу, Гвардиола не е разочаран и покрај поразот на Манчестер Сити од Барселона со 4:0, петти во исто толку меѓусебни дуели. Клучна беше 53-та минута и исклучувањето на гостинскиот голман Браво. Пред тоа Меси погоди еднаш, потоа уште двапати за рекорден седми елитен хет - трик. 13-та домашна победа по ред во најпрестижната конкуренција ја потврди Нејмар како реакција на промашениот пенал.

Голгетерски во полн сјај, втората половина од третото коло во Лигата на шампионите донесе 28 голови или во просек по три ипол по натпревар.

Иако и вторпат убедливо губи како гостин на Камп Ноу, Гвардиола не е разочаран и покрај поразот на Манчестер Сити од Барселона со 4:0, петти во исто толку меѓусебни дуели. Клучна беше 53-та минута и исклучувањето на гостинскиот голман Браво. Пред тоа Меси погоди еднаш, потоа уште двапати за рекорден седми елитен хет - трик. 13-та домашна победа по ред во најпрестижната конкуренција ја потврди Нејмар како реакција на промашениот пенал.

Во групата Ц, Барса има максимални 9 бода, Сити 4, во игра влезе и Борусија Менхенгладбах откако со 2:0 со головите на Штиндл и Хан освои три бода против Селтик. По 21 меч шкотскиот првак загуби во Глазгов и остана на бод.

Со стропроцентен ефект е и Атлетико. Со 1:0 со погодокот на Караско ја прекина низата од 26 меча без домашен пораз на Ростов. Мадриѓани се без пораз сезонава, Облак и на девети меч не прими гол. На Баерн ретко му се случува три дуели да не победи, па со 4:1 настрада ПСВ Ајндховен. Во 14-от последователен домашен триумф во Лигата на шампионите учествуваа Милер, Кимих, Левандовски и Робен. Баварците собраа шест бода во групата Д, Холанѓаните за кој стрелец беше Нарсинг, како и Русите имаат по бод.

Од двете гостински победи во конкуренцијата Б, поголемо изненадување е онаа на Бешикташ од 3:2 кај Наполи и тоа прва во фазата по групи по седум години наедвор од Истанбул. Турските црно - бели двапати водеа преку Адријано и Абубакар. Наполи израмнуваше со головите на Мертенс и на Габјадини, меѓу нив удар од 11 метри не реализираше Инсиње, па казната со уште еден погодок јас испорача Камерунецот, Абубакар.

Со пет, Бешикташ му се доближи на лидерот Наполи на бод, Бенфика има четири, Динамо еден. Причина за третата победа на Бенфика во Украина се головите на Салвио и Черви за 2:0.

Арсенал и Пари Сен Жермен на 1 ноември кај вчерашните противници и со нерешено можат и теоретски да обезбедат осминафинале. Имаат по седум, Лудогорец и Базел по бод во сегментот А. Победата на топчиите од 6:0 против бугарскиот првак е стота европска за Венгер, седма во серија за лондончани кои не се поразени на 11 меча. Озил го постигна првиот хет - трик во кариерата, Волкот шестиот погодок на последните седум меча. И Алексис Санчез на мајсторски начин го надмудри Стојанов, технички добар беше и голот на Окслејд - Чембрлен.  

Ланг, Думбиа и Сухи ја погодуваа пречката на ПСЖ, а Ди Марија, Лукас и Кавани ја тресеа мрежата на Базел којшто никогаш не триумфирал во Франција. На 42 натпревара на Паркот на принцовите, пак, парижани имаат само еден пораз. Во градот на светлината на победа последни се радувале фудбалерите на Барселона.