Прв чекор кон нормализација

10.11.2016 17:02

Изборите се првиот чекор кон нормализација на состојбите во Македонија, велат познавачите на оваа област анализирајќи ја содржината на годишниот извештај на ЕК...

Извештајот на Европската комисија за Македонија не е изненадувачки и неочекуван со условена препорака- констатираат познавачите на состојбите. Согласни се дека за ова виновна е политичката криза, но велат и дека во извештајот не виделе насоки за тоа како да се движи земјава особено во области каде Унијата нема заедничка политика, како што се доброто владеење и јавната администрација.

Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики во извештајот повеќе гледа прашања кои ја засегаат Унијата, а тоа се миграциите и борбата против тероризмот.

Симонида Кацарска од Институтот за европска политика гледа уназадување во судството. Нема напредок кој би влијаел на содржината, смета таа.

Тоа што го потенцира Унијата, го констатираат и експертите дека квалитетно спроведени избори се чекор напред за земјава која потоа со владата треба да ги проведе приоритетите.

Миле Ристески