Крка – МЗТ Скопје 97:87

Ништо ново во Ново Место

13.11.2016 14:37

Во осмата минута МЗТ создаде предност од 11 поени, во 18-тата имаше плус девет, но до крајот на полувремето не успеа да ја одржи. Крка намали на 43-42 на пауза, по што се насети дека ќе оди тешко.

Само едно добро полувреме и се разбира нов пораз на МЗТ Скопје во Јадранската лига. На паркетот кај Крка со 97-87, иако македонскиот првак имаше контрола во првите 20 минути. Кларк и Лалиќ ги добија битките во рекетот со противникот, шутот функионираше до степен што „сините“ дадоа 30 коша во првата четвртина.

Во осмата минута МЗТ создаде предност од 11 поени, во 18-тата имаше плус девет, но до крајот на полувремето не успеа да ја одржи. Крка намали на 43-42 на пауза, по што се насети дека ќе оди тешко.

Откако словенечкиот тим примени агресивна одбрана , нашиот состав почна да греши, а Крка да погодува во серија. Предноста на Крка растеше до 19 коша во 34-та минута, иако и пред тоа стана јасно дека МЗТ ќе го претрпе петтиот гостински пораз во АБА друштвото, вкупно седми во девет натпревари. Кларк даде 18 коша, Синовец 16, Тејмс 15, а Лалиќ 13.

Кај Крка најефикасен беше Ребец со 24 коша. Марко Луковиќ против поранешниот клуб постигна 19. Наредниот натпревар за МЗТ Скопје во Јадранската лига е дома против ФМП, а пред тоа, в среда, македонскиот претставник во Еврокупот ќе го пречека Лиеткабелис.