БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ

17.11.2016 15:48

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

 

Почитувани,

 

МРТ ги повикува сите политички субјекти со потврдени пратенички листи од Државната изборна комисија, да го искористат своето право на БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ на своите изборни програми на програмите на Првиот, Вториот и Собрансикиот сервис. Снимањето на бесплатното политичко претставување ќе се одвива во периодот:

  • Прв и Втор програмски сервис од понеделник 21. 11.2016 до 25.11.2016 г. од 12 до 15 часот.
  • Собраниски сервис од недела 20.11.2016 г. од 11.00 ч. до 16.30 часот.

 

МРТ ги известува политичките субјекти дека правото за бесплатното политичко претставување треба да го искористат со цел афирмација на својата изборна програма, со нагласување дека секоја дискриминација, навреда, клевета и омаловажување кон останатите политички субјекти во презентациите нема да бидат земени во предвид за емитување. Согласно бројот на пријавените кандидатски листи во седумте изборни единици,  Првиот и Вториот програмски сервис отстапуваат 2 минути од изборна единица:

 

  • КОАЛИЦИЈАТА “ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА” ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ (14 МИНУТИ)
  • КОАЛИЦИЈА ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ (14 МИНУТИ)
  • КОАЛИЦИЈА ,,ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА” (14 МИНУТИ)
  • ДУИ (14 МИНУТИ)
  • КОАЛИЦИЈА “ЗА ПРОМЕНИ И ПРАВДА” (12 МИНУТИ)
  • ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА (12 МИНУТИ)
  • КОАЛИЦИЈА “АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ” (10 МИНУТИ)
  • ДПА (10 МИНУТИ)
  • ЛЕВИЦА (10 МИНУТИ)
  • БЕСА (8 МИНУТИ)
  • ПДП (2 МИНУТИ)

 

 

Снимениот материјал на Првиот и Вториот програмски сервис ќе се емитува во периодот од 28.11.2016 до 02.12.2016 година во периодот од 16-23 часот. Редоследот на емитување ќе биде според истиот редослед на коалициите и партиите направен од страна на Државната изборна комисија, кој се однесува на гласачките ливчиња.

 

Закажувањето на снимањата на претставниците на политичките коалициии и партиите се најавуваат на следниот телефонски број: 071 350 848.