Половина од светското население ќе користи интернет до крајот на годинава

23.11.2016 13:42

Интернет користи дури 80 насто од популацијата во развиените земји, додека онлајн се само 40 насто од жителите на земјите во развој и 15 проценти во најсиромашните држави, пишува во извештајот на агенцијата на Обединетите нации.

До крајот на годинава, речиси половина од светското население ќе користи интернет. Мобилните мрежи растат, цените паѓаат, иако повеќето компании ќе бидат концентрирани кон развиениот свет, објави Меѓународната телекомуникациска унија на Обединетите нации.

Интернет користи дури 80 насто од популацијата во развиените земји, додека онлајн се само 40 насто од жителите на земјите во развој и 15 проценти во најсиромашните држави, пишува во извештајот на агенцијата на Обединетите нации.

Глобално со интернет се служи 47 насто од светската популација, што е помалку од планот на Обединетите нации за 60 насто до 2020 година.