Фудбал - Лига на шампиони 5 Коло

Арсенал - ПСЖ за прво место и привилегии

23.11.2016 16:06

Меѓусебе, досега премиерлигашот има победа, два меча завршија нерешено, во стартното коло во Париз беше 1:1. Францускиот првак има само еден триумф на осумте гостувања во Англија, лани против Челзи во осминафиналето. Арсенал, пак , во сите конкуренции не е совладан 17 меча, но во елитното натпреварување во Лондон против француските екипи има пораз повеќе, три.

Арсен Венгер вели дека е луксуз во Лигата на шампионите по четири кола да се обезбеди нокаут фаза, но иако Арсенал и Пари Сен Жермен веќе се во осминафиналето, сепак имаат многу мотиви пред четвртиот меѓусебен дуел. Победникот  дефинитивно ќе биде прв во групата А и условно ќе очекува полесен противник меѓу шеснаесете најдобри екипи. А тоа е важно затоа што топчиите во последните шест сезони испаѓаат во осминафиналето, а светците имаат амбиција по четири години да го минат и четвртфиналето.

Меѓусебе, досега премиерлигашот има победа, два меча завршија нерешено, во стартното коло во Париз беше 1:1. Францускиот првак има само еден триумф на осумте гостувања во Англија, лани против Челзи во осминафиналето. Арсенал, пак , во сите конкуренции не е совладан 17 меча, но во елитното натпреварување во Лондон против француските екипи има пораз повеќе, три.  

Белерин, Казорла и Перез им се приклучија на одамна повредените Мертесакер и Велбек. Неизвесен е настапот на Санчез кој играше против Манчестер Јунајтед иако од Чиле се врати недоволно опоравен. Затоа, пак, Озил е во форма и во последните осум елитни гола на Арсенал учествуваше со четири погодоци и со две асистенции.

Кавани сезонава во сите натпреварувања постигна 20 гола, Пасторе, Рабио и Курзава поради повреди останаа во Париз. Со нив е и фудбалерот на Брегот слонова коска, Орие. Британските власти му ја поништиле визата поради судски процес во Франција.  

И двата тима ќе играат во формација 4-3-3, конечно Жиру треба да добие можност во стартниот состав на Арсенал.Офанзивниот дел е најсилниот кај обете екипи, па според анализите ќе решава чија тројка на средината ќе биде попрецизна, Мота, Верати и Матуди или Озил, Коклан, Џака или можеби Рамзи.

Венгер вели дека сакаат да ја завршат работата почната на Паркот на принцовите, дека Арсенал малку го загубил ритамот, но ќе го врати со триумф. Емери, пак, смета дека за разлика од Париз ова ќе биде поинаков дуел, дека неговата екипа сега е подобра и дека со толку врвни фудбалери и ѕвезди на теренот очекува спектакл.

Преносот од натпреварот Арсенал - Пари Сен жермен ќе биде на МТВ1 во 20.45