Здружение за цистична фиброза: На позитивната листа да се стави современа терапија

24.11.2016 15:37

Три и пол годишно дете со пад во телесната тежина од 8,5 килограми е последниот новозаболен од Цистична фоброза. Над 40 пациенти со ова заболување се лекуваат во Центарот за цистична фиброза во детската болница Козле. Од здружението бараат на позитивната листа да се стават лекови за симптоматолошка терапија.

Три и пол годишно дете со пад на телесната тежина од 8,5 килограми е последниот новозаболен пациент од цистична фиброза. Над 40 деца со ова заболување се лекуваат во центарот сместен во детската болница „Козле“. Важна е раната дијагностика, велат пулмолозите.

Од Здружението за цистична фиброза бараат на позитивната листа да се стави современа терапија.  

Одбележувањето на Европската недела на цистична фиброза има цел да ја подигне јавната свест и да го изедначи третманот на болеста во сите европски земји.

 

Сунчица Николоска