Атлетико Мадрид повторно на бод до Барселона

01.11.2013 13:22

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во 11.коло од Примера Дивизија забележаа победа од 2:1 на гостувањето кај Гранада и повторно се доближија на само еден бод до лидерот Барселона.

На другите три вчерашни дуели од оваа рунда постигнати се следниве резултати: Виљареал - Хетафе 0:2, Атлетик Билбао - Елче 2:2 и Бетис - Леванте 0:0.

Одиграно претходно: Осасуна - Рајо Ваљекано 3:1, Валенсија - Алмерија 1:2, Ваљадолид - Реал Сосиедад 2:2, Селта - Барселона 0:3 и Еспањол - Малага 0:0.

Табела: Барселона 31 бод, Атлетико Мадрид 30, Реал Мадрид 25, Виљареал 20, Атлетик Билбао 20, Хетафе 19,...

Шпанското фудбалско првенство продолжува вечерва со првиот натпревар од 12.коло во кој играат Барселона и Еспањол.