Вирус за „Андроид“ нападнал над еден милион корисници

02.12.2016 13:17

Вирусот наречен „Гулиган“ напаѓа на пребарувачот Гугл, со помош на лажни линкови од статии кои наводно водат до одреден портал, обично од забавен карактер. Познавачите тврдат дека вирусот е оспособен да влезе во 74 отсто од уредите кои работат врз основа на „Андроид“.

Компанијата за кибербезбедност, „Чек Поинт Софтвер Текнолоџис“ соопшти дека е откриен опасен вирус за мобилниот оперативен систем „Андроид“, којшто досега веќе влегол во профилите на повеќе од еден милион корисници.

Вирусот наречен „Гулиган“ напаѓа на пребарувачот Гугл, со помош на лажни линкови од статии кои наводно водат до одреден портал, обично од забавен карактер. Познавачите тврдат дека вирусот е оспособен да влезе во 74 отсто од уредите кои работат врз основа на „Андроид“.

Сознанијата говорат дека, освен тоа што може да копира податоци, „Гулиган“ е обмислен така што прикажува лажен висок рејтинг на „статиите“ што ги распространува, којшто пак, со секој клик само се „зголемува“ и така „синџирот“ се продолжува.

Директорот на „Чек Поинт“, Адријан Лудвиг на официјалниот блог објави дека Гугл знае за проблемот веќе неколку седмици. Од компанијата пак, известуваат дека работат на случајот.

Засега не е познато дали хакерите ги злоупотребиле податоците на корисниците.