1.115 руски спортисти допингувани?

09.12.2016 23:00

Светската антидопинг агенциј - ВАДА согласно извештајот на Ричард Мекларен објави дека 1.115 руски спортисти систематски биле допингувани и тоа со знаење на државните институции.

Спортот не бил и никогаш нема да биде имун на афери, но дали на повидок е најголемата во историјата?.

По продолжението на истрагата, Светската антидопинг агенциј - ВАДА согласно извештајот на Ричард Мекларен објави дека 1.115 руски спортисти систематски биле допингувани и тоа со знаење на државните институции.

Во извештајот се вели дека допингувањето се одвивало во досега невидени размери и со помош на разработена стратегија за врвни резултат.

Со најновиот извештај директно се  обвинети петмина руски освојувачи на медали на Олимпијадата во Лондон во 2012-та и четворица на Зимските игри во Сочи две години подоцна.