Пливање - СП 25 м. базени

Нови два македонски рекорда

09.12.2016 23:06

Анастасија Богдановски исплива 30.22 и за 35 стотинки постави ново национално најдобро време на 50 метри грбно. Со овој резултат, Богдановски заврши како 54-та во конкуренција на 86 натпреварувачки

Речиси нема ден без македонски рекорд на нашите пливачи на Светското пртвенство во 25 метарски базени во канадски Виндзор. Попладново уште два.

Анастасија Богдановски исплива 30.22 и за 35 стотинки постави ново национално најдобро време на 50 метри грбно. Со овој резултат, Богдановски заврши како 54-та во конкуренција на 86 натпреварувачки

Дебитантот на пливачките мундијали, Љупчо Ангеловски и натаму останува македонски рекордер на 50 метри пеперутка откако за 9 стотинки го подобри претходниот најдобар резултат. Со 24 секунди и 69 стотинки, 19-годишниот Ангеловски се пласираше на 48-то место меѓу 127 пливачи.