УЕФА Европа лига

Генк последен меѓу привилегираните во нокаут фазата

09.12.2016 23:08

Покрај Генк како најдобри во своите конкуренции привилегирана позиција на понеделничкото извлекување на двојките од шеснаестинафиналето ќе имаат и Ајакс, Фенербахче, Фиорентина, Османлиспорт, Рома, Шалке, Шахтјор, Спарта Прага, Сент Етјен, Зенит, како и четири екипите коишто беа трети во Лигата на шампионите, а собраа најногу бодови, Бешикташ, Копенхаген, Лион и Тотенхем.

Маглата се крена во италијански Сасуоло, па во вчера одложениот натпревар во шестото коло на УЕФА Европа лигата, Генк го совлада истоимениот тим со 2:0 со головите на Хејнен и на Тросар. Со овој триумф, Белгијците го освоија првото место во групата Ф.

Покрај Генк како најдобри во своите конкуренции привилегирана позиција на понеделничкото извлекување на двојките од шеснаестинафиналето ќе имаат и Ајакс, Фенербахче, Фиорентина, Османлиспорт, Рома, Шалке, Шахтјор, Спарта Прага, Сент Етјен, Зенит, како и четири екипите коишто беа трети во Лигата на шампионите, а собраа најногу бодови, Бешикташ, Копенхаген, Лион и Тотенхем.

Нивна предност ќе биде тоа што реваншите ќе ги одиграат на домашен терен и тоа против некој од преостанатите коишто ќе се префрлат од елитното натпреварување, Борусија Менхенгладбах, Легија, Лудогорец, Ростов, како и од второпласираните во УЕФА лигата, Андерлехт, Астра, Атлетик Билбао, АЗ Алкмар, Селта, Гент, Хапоел Беер Шева, Краснодар, Олимпијакос, ПАОК, Вилјареал и Манчестер Јунајтед.

Според познатите правила, екипите од иста група и земја не можат да играат меѓусебе. Термините на дуелите од првото нокаут коло се 16-ти и 23-ти февруари следната година...