Сноуден ќе сведочи во случајот за прислушувањето на Меркел

01.11.2013 14:02

Eдвард Сноуден е подготвен да сведочи во случајот за прислушувањето на германската канцеларка Ангела Меркел

Eдвард Сноуден е подготвен да сведочи во случајот за прислушувањето на германската канцеларка Ангела Меркел. Тој во Москва се сретнал со германскиот застапник Ханс Кристијан Штробел и му предал писмо упатено до германската Влада во кое потврдува дека знае детали околу наводното прислушување на Меркел и дека е подготвен да сведочи.

Ханс Кристијан Штробел, зелена партија

„Разговаравме за можноста тој да дојде и да остане во германија. но јас сум скептичен  за сето ова и не го криев тоа од него“.

Рускиот претседател Путин претходно го отфрли барањето на САД за испорачување на Сноуден и му одобри привремен азил во Русија, но повтори дека ќе му овозможи  заштита на Сноуден само доколку престане да им наштетува на САД, што, пак, би можело да го спречи да и помогне на германската Влада во истрага околу скандалот. Американскиот државен секретар Џон Кери за прв пат официјално призна дека шпионажата на САД ја преминала линијата.--------------