Ракомет

Червар отпиша уште четворица

16.12.2016 21:05

На првата фаза подготовки во Маврово од 20-ти до 30-ти декември нема да бидат голманот на Бенфика, Никола Митревски и ракометарите на Металург, крилата Никола Костески и Давор Палески, како и бекот, Горан Крстевски.

Селекторот, Лино Червар ја намали конкуренцијата од 28 на 24 ракометари кои ќе се обидат да обезбедат место во македонската репрезентација којашто во јануари следната година ќе игра на Светското првенство во Франција.

На првата фаза подготовки во Маврово од 20-ти до 30-ти декември нема да бидат голманот на Бенфика, Никола Митревски и ракометарите на Металург, крилата Никола Костески и Давор Палески, како и бекот, Горан Крстевски.

Мундијалот ќе се одигра од 11-ти до 29-ти јануари 2017-та со ексклузивни преноси на Макдонската телевизија. Нашата репрезентација ќе биде во групата Б со Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и со Ангола.