Ракомет - СЕХА лига

Незгодни гостувања за Вардар и Металург

16.12.2016 21:09

Откако по 13 меча првпат беа поразени во регионалното натпреварување и тоа кај Загреб, вардарци ги очекува уште едно тешко гостување во Брест. Мешков е во серија од седум дуели без да биде совладан, но се уште не е сигурен околу учеството на фајнл - фор турнирот.

Во предновогодишната гостинска турнеја на македонските тимови во СЕХА лигата, по поразите во Загреб и во Целје, ракометарите на Вардар и Металург имаат победничка амбиција со различна цел.

Откако по 13 меча првпат беа поразени во регионалното натпреварување и тоа кај Загреб, вардарци ги очекува уште едно тешко гостување во Брест. Мешков е во серија од седум дуели без да биде совладан, но се уште не е сигурен околу учеството на фајнл - фор турнирот. Белорусите во моментов се четврти со два бода повеќе, но и натпревар помалку од Целје. Предноста во однос на словенечкиот шампион од 11 бода го става Вардар во позиција со триумф и математички да обезбеди една од четирите најдобри позиции. Црвено - црните имаат подобра меѓусебна традиција од седум победи, реми и четири порази, во Белорусија е 2:2, но Мешков во двата меча во Скопје сезонава потврди дека е незгоден. Во СЕХА конкуренцијата освои бод, а во Лигата на шампионите беше долго рамнопреван во поразот од четири разлика.

Металург, пак, статистички ја игра најлошата од петте СЕХА сезони. Екипата од Автокоманда во 12 натпревари има само две победи, нерешено и девет порази и ќе гостува во Прешов кадешто беше поразена во четирите претходни пресметки. Ако младиоот состав на Металург ја прекине серијата од три порази ќе ги мин Словаците на осмото место на регионалната табела.

Преносите од двата утрешни меча ќе бидат на МТВ1, Мешков Брест - Вардар во 17.30, Татран Прешов - Металург во 20 часот и 30 минути.