Кошарка - НБА

Победи на Голден Стејт и Сан Антонио

16.12.2016 21:11

Сан Антонио, пак, од петнаесете гостувања досега загуби само едно. Во Феникс, Спарс славеа со 107:92. Ленард и Гасол реализираа по 18 коша.

НБА шампионот Голден Стејт и натаму има најдобар ефект сезонава и ја одржува предноста од две победи повеќе во однос на Сан Антонио. 23-от триумф, Вориорс го остварија дома против Њујорк со 103:90, откако третпат сезонава собраа 40 плус асистенции, синоќа 41. Во последниот период шанса добија кошаркарите од клупата, па најефикасен бешеТоомсон со 15 поени.

Сан Антонио, пак, од петнаесете гостувања досега загуби само едно. Во Феникс, Спарс славеа со 107:92. Ленард и Гасол реализираа по 18 коша.

Во другите натпревари, Милвоки - Чикаго 108:97, Њу Орлеанс - Индијана 102:95 и Денвер - Портланд со 132:120.