Балканот со нова комуникациска стратегија кон ЕУ

19.12.2016 15:35

Олеснување и забрзување на приклучувањето на регионот во ЕУ, заедничко застапување, партнерства и подобрување на регионалната соработка. Експертиза и ресурси за успешно застапување се главните цели и активностите на групата за јавно застапување на западнобалканската шесторка.

Да се оживее проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан, за да се зголеми поддршката за процесот кај членките преку подобрување на имиџот на Западниот Балкан. Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговиона, Косово и Албанија преку својата група за застапување бараат и да се зголеми влијанието на официјалниот проевропски дискурс и посветеноста на регионалната соработка. За надминување на предизвиците преку застапување помош доаѓа од четири организации од Вишеградската група – Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.

Балканот со нова комуникациска стратегија кон ЕУ беше тема на експертска дискусија во Скопје. За остварување на целите, западнобалканската шесторка очекува поддршка од сите. Истакнаа дека целните групи на Западен Балкан им се државните и образовните институции, граѓанското општество, бизнис- асоцијациите и коморите, како и медиумите.

 

Наташа Јанчиќ