Кошарка - НБА

Последната секунда решавачка на два меча

20.12.2016 18:11

Вестбрук за Тандерс реализираше 46 поени, 11 асистенции и седум скока. Кошаркарите на Хоукс имаа 55 проценти реализација од игра, а најрасположени беа Шредер со 31 и Милсап со 30 коша.

Два од петте НБА натпревара беа решени во последната секунда. Оклахома дома загуби од Атланта со 110:108, откако по промашувањата на Вестбрук, судиите ја прегледаа снимката и решија дека Адамс задоцнил со забивањето.

Вестбрук за Тандерс реализираше 46 поени, 11 асистенции и седум скока. Кошаркарите на Хоукс имаа 55 проценти реализација од игра, а најрасположени беа Шредер со 31 и Милсап со 30 коша.

Индијана, пак имаше среќа бидејќи Јанг го погоди последниот шут за победа на  домашен паркет против Вашингтон од 107:105. Пол Џорџ од Пејсерс беше најефикасен со 27 поени.

Во другите дуели, Чикаго – Детроит 113:82, Минесота - Феникс 115:108 и Данвер - Далас 117:107.