Признанија од Сојузот на спортови на Скопје

Томи Стефановски најдобар спортист на главниот град

20.12.2016 18:16

Двојба околу најдобар спортист на Скопје, оваа меѓу најстарите институции, го прогласи маратонскиот пливач, Томи Стефановски, за кој можеби е доволно да се каже дека е избран во светската маратонска Куќа на славните како еден од своите великани, не само спотски, ами и човечки.

Подржувачот на градските спортски случувања како и на своите скопски спортисти, Сојузот на спортови на македонската метропола со своето 23-то со ред оддавање на признание на градските пулени ја заокружи спортската 2016-та. Двојба околу најдобар спортист на Скопје, оваа меѓу најстарите институции, го прогласи маратонскиот пливач, Томи Стефановски, за кој можеби е доволно да се каже дека е избран во светската маратонска Куќа на славните како еден од своите великани, не само спотски, ами и човечки.

На ова ќе додадеме дека Стефановски макотрпно, тивко и трпеливо ја градеше својата успешна маратонска пливачка кариера цели 25 години, дека на своето збогум на 45- годишна возраст го направи со победа на Охрискиот маратон и на делба на првото место во Светската гран-при серија. Ова не е прво вакво одликување за Томи Стефановски, но со сигурност последно, како активен спортист.

Белег според заслуги за 2016-та оставија и Моника Пендаровска како надеж на македонското карате со бронзата на јуниорскиот Европски шампионат. Тренерската оправдана награда за третото место во ракометната Лигата на шампионките ја заслужи тогашната прва виолина од клупата на вардарки, Индира Кастратовиќ. За најдобра екипа со сета почит која ја носат европски прваци оди кај шаховската екипа на Алкалоид. Дека некој ги гледа и цени и нивните резултати како потстрег за сериозност кон иднината, беше доделено и признание за Бесир Алили кој во пионерска конкуренција се закити со златен медал во борење на Балканскиот шампионат.