Ракомет

Иранецот Јусефинеџад во Металург

20.12.2016 18:23

20-годишниот Јусефинеџад игра на позицијата лев бек, стандарден е во иранската репрезентација...

Во продолжение на сезоната во којашто ќе игра на два фронта, во СЕХА и домашната ракометна лига, Металург ќе биде посилен за Иранецот, Амин Јусефинеџад.

20-годишниот Јусефинеџад игра на позицијата лев бек, стандарден е во иранската репрезентација, висок е 197 сантиметри и со Металург потпиша 3,5-годишен договор.