Почина Џорџ Мајкл

26.12.2016 10:31

Кариерата ја почна во 80-тите години на минатиот век во групата „Вем“, а потоа продолжи и со солистичка кариера која му донесе уште поголеми успеси на глобално ниво и дуети со звучни имиња, како Елтон Џон и Арета Френклин.

На 53-годишна возраст, од засега неутврдени причини, почина светски познатиот музичар Џорџ Мајкл. Кариерата ја почна во 80-тите години на минатиот век во групата „Вем“, а потоа продолжи и со солистичка кариера која му донесе уште поголеми успеси на глобално ниво и дуети со звучни имиња, како Елтон Џон и Арета Френклин.

Добитник е на две Греми и три британски музички награди познати како „Брит авордс“. Во 2010 година, Џорџ Мајкл беше дел од насловните страници поради користењето наркотици и затворска казна откако со возило влетал во продавница во Лондон.