Фејсбук отсега нуди можности за организирање онлајн забави

28.12.2016 11:22

Со помош на Скајп, Вајбер, видео повиците, Фејсбук сега буквално ни овозможува да направиме „онлајн забава“. За што се работи? Најпопуларната социјална мрежа сега нуди можност во „видео чет групите“ да се вклучат 50 луѓе.

Технологијата одамна ги преброди физичката оддалеченост и зонско-временските разлики. Денес, и во моментите кога не сме со блиските, можеме на најразлични начини да комуницираме со нив.

Со помош на Скајп, Вајбер, видео повиците, Фејсбук сега буквално ни овозможува да направиме „онлајн забава“. За што се работи? Најпопуларната социјална мрежа сега нуди можност во „видео чет групите“ да се вклучат 50 луѓе.

Тоа на прв поглед навестува хаос, па Марк Цукерберг сепак нагласи дека забавата ќе биде „малку ограничена“. Имено, кога во разговорот има повеќе од шест лица, на видео прозорчето ќе ги гледаме само оние учесници во чет групата кои се онлајн, или пак, оние коишто ние ќе ги селектираме.

Вистинско Фејсбук новогодишно изненадување за корисниците...