Игран филм

ЅВЕЗДЕНА ПРАШИНА

Сабота (30.09.2017) 13:55

САД/В. Британија, 2007

Режија: Метју Вон
Улоги: Роберт де Ниро, Сиена Милер, Мишел Фајфер, Клер Дејнс, Чарли Кокс,  Руперт Еверет, Питер О’ Тул
Сценарио: Нил Гејмен, Џејн Голдман
Жанр: авантура/фантазија

Дејството на филмот почнува во мирното англиско село Ѕид наречено според камениот ѕид, со кој селаните со векови го штитат селото од натприродниот паралелен свет што се наоѓа од другата страна. Овде, момчето Тристан Торн, на најубавата девојка од селото чие срце сака да га освои, ù ветува ѕвезда што паѓа. Но за да го одржи ветувањето, тој ќе мора да премине преку забранетиот ѕид и да зачекори во кралството на вечната магија и легенда, на која и тој ќе се  приклучи. Тристан открива дека паднатата ѕвезда не е она што очекувал, туку интересна млада жена која се повредила за време на нејзиното патување низ вселената.
Филмот е инспириран од книгата на визионерот и автор на бестселери Нил Гејмен, кој е добитник на награди за новели, стрипови, сценарија. Книгата „Ѕвездена прашина”  е објавена во 1997, кога е прогласена за најдобра новела.