Игран филм

ПОДЗЕМЕН СВЕТ: ПОДЕМОТ НА ВРКОЛАЦИТЕ

Петок (26.05.2017) 23:40

САД, 2009

Режија: Патрик Татопулос
Улоги: Кевин Гревију, Стивен Мекинтош, Рона Митра, Танија Нолан
Жанр: акција/ фантазија/ хорор

Вечна битка меѓу аристократските вампири и нивните некогашни робови- врколаците. Меѓусебни непријатели илјадници години кои водат беспоштедна војна која почнала во Мрачното време. Бунтот на Ликаните ни ја прикажува најмрачната страна на судирот меѓу силните и итри вампири против разбеснетите диви и заробени врколаци (Ликани). На древните улици на Будимпешта судирот доживува неочекуван пресврт. Младиот врколак Лусијан почнува бунт против Виктор, свиреп вампирски владетел, кој ги заробил. Во неговата борба за слобода се приклучува Соња, ќерката на стариот вампир Виктор. Романсата меѓу Лусијан и Соња предизвикува лавина од неверојатни настани кои ќе ја запечатат трагичната судбина на сите оние што ги следат.