Томе Аџиевски со „Red Carnival“ на 57 Венециско биенале

29.12.2016 15:57

Ликовниот уметник и скулптор Томе Аџиевски ќе ја претставува Македонија на 57-мото Венециско биенале. Неговиот проект „Red Carnival“ е избран едногласно од стручната комисија.

Ликовниот уметник и скулптор Томе Аџиевски со проектот „Red Carnival“ ќе се претстави на 57-то Венециско биенале на уметноста. Проектот е избран едногласно од стручната комисија од седум пристигнати апликации на конкурсот на Министерството за култура. За Аџиевски, Венециското биенале е сон на секој уметник.

Македонија секогаш настојува ла да биде дел од светски етаблираните меѓународни манифестации, вели Канческа- Милевска. Проектот на Аџиевски е одговор на темата „Вива арте вива“ која ја промовира размислата дека во светот полн со конфликти, каде хуманизмот е сериозно нагризен, уметноста е најскапоцениот дел од човековото битие.

Аџиевски спаѓа во најдобрата генерација македонски ликовни уметници кои ја креираат физиономијата на македонската современа ликовна уметност.

Во филм од половина час ќе биде прикажан тајниот агент, Џејмс Бонд како се наоѓа во Москва за време на парада по повод 100 години од Октомвриската револуција.

Дијана Ценевска