Божикен концерт на Македонската филхармонија и виолинистот Џулијан Рахлин

03.01.2017 09:28

На концертот, што ќе се одржи во Македонската опера и балет, ќе бидат изведени виенски маршеви, романтични увертири, популарни танци, дела од Росини, Чајковски, Штраус, Глинка, Годовски и Крајслер.

На големиот христијански празник Божик најавен е концерт на Македонската филхармонија на кој како солист, но и како диригент, ќе настапи светскиот познатиот виолинист Џулијан Рахлин.

На концертот, што ќе се одржи во Македонската опера и балет, ќе бидат изведени виенски маршеви, романтични увертири, популарни танци, дела од Росини, Чајковски, Штраус, Глинка, Годовски и Крајслер.

Билетите се продаваат на билетарата во Домот на АРМ секој ден од 10 до 16 часот. Билетарата, како што информира Македонската филхармонија, ќе работи и на 3, 4, 5 и 6 јануари од 10 до 15 часот. Билети може да се набават и онлајн на веб страниците www.kupikartizase.mk i www.mktickets.mk.

Џулијан Рахлин е еден од најпочитуваните виолинисти на денешницата кој свири на виолина од марката „страдивари“ од 1704 година. Соработува со престижни диригенти и оркестри, а оваа концертна сезона настапи во Европа и во Северна Америка со Националниот оркестар на Франција под диригентската палка на маестро Даниеле Гати, потоа на отворањето на сезоната со филхармонискиот оркестар „Ла Скала“ со маестро Рикардо Шаји, како и на фестивалот во Луцерн со маестро Марис Јансонс.