Серијата „Вил и Грејс“ се враќа на малите екрани со десет нови епизоди

03.01.2017 13:15

Вестите ги потврди еден од актерите во серијата, Лесли Џордан, кој за Ен-Би-Си изјави дека во продолженијата се враќа целата актерска екипа, со исклучок на неодамна почината холивудска легенда Деби Рејнолд.

Серијата „Вил и Грејс“, која во периодот од 1998 до 2006 година не засмеуваше во осум сезони, повторно ќе се врати на малите екрани и тоа со десет нови епизоди.

Вестите ги потврди еден од актерите во серијата, Лесли Џордан, кој за Ен-Би-Си изјави дека во продолженијата се враќа целата актерска екипа, со исклучок на неодамна почината холивудска легенда Деби Рејнолд.

Деби во серијата ја играше мајката на Грејс, па продуцентите планираат на некаков начин да и оддадат почест во текот на новите епизоди.

Снимањето на продолжението почнува во јули оваа година, а како што откри Лесли, новите епизоди би можеле да се очекуваат на телевизиските екрани веќе оваа есен.