Фудбал - Избор на ФИФА за 2016-та

Кристијано Роналдо по четвртипат најдобар

10.01.2017 10:44

Пресудија резултатие и пехарите, 31-годишниот Роналдо во 2016-та стана европски првак со Португалија, со Реал Мадрид освои три пехари, европски и свтетски клупски првак и УЕФА Супер купот.

Трофеи, голови, наверојатни потези на терените, 2016-та изобилуваше со фуддалска магија. Сепак, селекторите и капитените на националните репрезентации, како и новинарите и навивачите избраа, Кристијано Роналдо беше најдобар во минатата година и тоа во конкуренција на Аргентинецот од Барселона, Лионел Меси и првиот голгетер на Европското првенство, францускиот напаѓач на Атлетико Мадрид, АнтоанРгризман

Пресудија резултатие и пехарите, 31-годишниот Роналдо во 2016-та стана европски првак со Португалија, со Реал Мадрид освои три пехари, европски и свтетски клупски првак и УЕФА Супер купот. До четвртото признание, Португалецот дојде благодарение на 35-те проценти од гласовите. Меси  е рекордер со пет, актуелниот тренер на кралскиот клуб, Французинот Зинедин Зидан и Бразилецот Луис Назарио де Лима Роналдо имаат по три.

Иако за разлика од Германката Берингер и Бразилката Марта, не освои трофеј, а САД првпат останаа без олимписки медал, очигледно игрите на Карли Лојд беа доволни по вторпат да собере најмногу гласови во изборот за најдобра фудбалерка.

Без разлика што имаше трофејни противкандидати во Зидан и португалскиот селектор Сантош, сепак Клаудио Раниери е прогласен за најдобар тренер во 2016-та. 65- годишниот Италијанец со Лестер го направи фудбалското чудо на годината и стана шампион на англиската Премиер лига.

Силвија Наид која како фудбалерка осумпати беше европска и двапати светска шампионка е прогласена за најдобар тренер во женскиот фудбал. Под нејзино водство, Германија во Рио го освои првото олимписко злато.

Во огромната конкуренција место во најдобриот тим за 2016-та заслужија петмина фудбалери на Реал, четворица на Барселона и по еден на актуелен на Јувентус, а некогашен на барса и на Баерн Минхен. Идеалната формација 4-3-3 изгледа вака: Ноер, Алвес, Пике, Рамос, Марсело, Модриќ, Крос, Иниеста, Меси, Суарез и Кристијано Роналдо.

Фановите на Борусија Дортмунд и на Ливерпул во пресрет на четвртфиналето од УЕФА Европа лигата заеднички ја испеаја позната фудбалска химна „You never walk alone“ и тоа на 27-годишнината од трагедијата на Хилсборо кадешто животот го загубија 96 навивачи на црвените. За таа неверојатна атмосфера на 14-ти април на Вестфален, го добија специјалното навивачко признание на ФИФА за минатата година.

По катастрофалната авионска несреќа во којашто загинаа фудбалерите на речиси целиот тим на Шапокоенсе, Атлетико Насионал предложи, а Јужноамериканската федерација прифати, без да се одигра финалето, бразилската екипа да биде освојувач на Копа Судамерикана. За тој потег на колумбијскиот клуб му припадна наградата за фер - плеј.

Погодокот на Мохд Фаиз Субри во дуелот од малезиското првенство Пулау Пинанг - Паханг и физиката тешко може да го објасни, па разбирливо неговиот е и најубав гол на годината во изборото за признанието „Пушкаш“

Првпат во 26-годишната историја на изборите на ФИФА, беше доделено признанието за животни постигнувања коешто му припадна на футсал волшебник, Фалкао кој во 27-годишната кариера со Бразил двапати беше светски првак.