„Заборавени песни“ во МОБ за Василица

10.01.2017 11:08

Ќе бидат изведени традиционални македонски песни со специјално подготвени аранжмани од композиторот Илија Пејовски, но во програмата има и неколку популарни композиции.

Македонската опера и балет (МОБ) ја продолжува традицијата. По повод празникот Василица, ќе одржи концертот насловен како „Заборавени песни“.

Ќе бидат изведени традиционални македонски песни со специјално подготвени аранжмани од композиторот Илија Пејовски, но во програмата има и неколку популарни композиции.

Песните ќе бидат во изведба на Андријана Јаневска во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет. Режисер на концертот е Љупка Јакимовска, а диригент Бисера Чадловска.