САД: Санкции против уште петмина руски државјани

10.01.2017 13:08

Најистакната личност во новата група погодена со санкциите е Александар Бастрикин, шеф на рускиот истражен одбор при обвинителството на Русија.

САД воведоа санкции против уште петмина руски државјани, вклучувајќи и еден висок полициски функционер. Санкциите опфаќаат блокирање на нивниот имот и забрана на државјаните на САД да работат со нив.

Најистакната личност во новата група погодена со санкциите е Александар Бастрикин, шеф на рускиот истражен одбор при обвинителството на Русија.

Новите санкции се воведени три дена откако САД ја укинаа тајноста на разузнавачкиот извештај во кој се наведува дека претседателот Владимир Путин наредил хакирање на електронската пошта на демократската партија во настојување да влијае врз американските претседателски избори.