Во Анкара протести поради уставните измени

10.01.2017 14:40

Пред парламентот во Анкара стотина демонстранти протестираа поради планираните измени на Уставот, на што полицијата возврати со солзавец и водени топови.

Турскиот парламент вчера ја почна расправата за уставните промени со кои би се прошириле овластувањата на шефот на државата, Реџеп Тајип Ердоган. Предлогот кој е жестоко критикуван од опозицијата би му овозможил на Ердоган да остане на власт до 2029 година.

Пред парламентот во Анкара стотина демонстранти протестираа поради планираните измени на Уставот, на што полицијата возврати со солзавец и водени топови.

Организатор на протестите беше Републиканската Народна Партија, како и неколку невладини организации и здруженија на адвокатите.