Расте интересот за патување во зимските центри

10.01.2017 15:31

Традиционално, македонците одат на скијање во соседството. Од агенциите велат се бара место повеќе и за сместувачките капацитети во Берово и во Маврово. Цени има за секого, од 15 евра на ден, па нагоре.

Ѕвонат телефоните во туристичките агенции, расте интересот за патување во зимските центри. Оние кои не ги искористија раните резервации и попусти, се интересираат за понудите кои излегуваат во последен момент. Традиционално, македонците одат на скијање во соседството. Од агенциите велат се бара место повеќе и за сместувачките капацитети во Берово и во Маврово. Цени има за секого, од 15 евра на ден, па нагоре.

„Најчести се барањата од денес за утре, посебно за местата каде што има ски- центри. Но, доста е тешко вака кога има барања да се задоволат сите критериуми, како цена и услови“, вели Јана Сирачевска, вработена во туристичка агенција.

Снегот и минусните температури ја зголемија потрошувачката на зимска опрема. Најмногу се продава облеката за скијање.

„Конкретно- панталони, јакни, ракавици, капи, ски кациги, нешто послабо ски чевли и скии“, потврдува Драгољуб Ѓорѓевиќ, вработен во продавница за спортска опрема.

Наместо на снег, има и такви кои зимава уживаат на Малдиви, во Дубаи и на Куба. Се продаваат и турите за посета на Латиноамериканските земји. Граѓаните прават и рани резервации за летниот одмор.

„Ги работиме програмите за Куба, карневалот во Рио, Бразил, големата јужно-америчка тура во која за 19 дена се постуваат Перу, Боливија, Аргентина, Бразил и Чиле, бидејќи не постои визен режим за македонските граѓани, така што заинтересираните патници полесно се одлучуваат да патуваат на овие дестинации“, изјви Венко Спасов, сопственик на туристичка агенција.

Македонците најчесто одат на пет или на седумдневен зимски одмор, а атрактивен е и викенд туризмот.

Едно просечно четиричлено македонско семејство ако сака да замине на зимување треба да одвои најмалку 1.000 евра, со што ќе ги покрие трошоците за престој во хотел, но и за зимската облека која е доста скапа.

 

Сунчица Николоска