Светска банка: Раст на БДП од 3,3% во 2017-та

11.01.2017 12:34

Светска банка за Македонија годинава прогнозира раст на БДП од 3,3% што е намалување за 0,7 процентини поени во однос на јунските предвидувања на аналитичарите од Вашингтон. За в година од македонската економија се очекува растот да забрза до 3,7%, односно до 4% во 2019-та...

Светската банка во извештајот „Глобалните економски перспективи“ за Македонија, годинава прогнозира раст на БДП од 3,3% што е намалување за 0,7 процентини поени во однос на јунските предвидувања на аналитичарите од Вашингтон. За в година од македонската економија се очекува растот да забрза до 3,7%, односно до 4% во 2019-та.

Во регионот Хрватска годинава ќе има раст од 2,5%, Србија 2,8%, Босна и Херцеговина и Бугарија 3,2%. Од Албанија се очекува економски раст од 3,5%, Црна Гора 3,6%, а од Косово 3,9%.

„По неколку години разочарувачки глобален раст, ние сме охрабрени да видиме посилни економски изгледи на хоризонтот. Сега е време да се искористат сите предности и да се зголемат инвестициите во инфраструктурата и во луѓето. Ова е од витално значење за забрзување на одржлив и инклузивен економски раст, што ќе овозможи да се стави крај на екстремната сиромаштија“, вели Џим Јонг Ким-претседател на Светска банка.

Светска банка предвидува глобалниот економски раст во 2017-та да забрза умерено до 2,7 проценти, откако лани мина посткризниот период.