Европски парламент: На 17-ти јануари избор на нов претседател

11.01.2017 12:58

Европската народна партија го номинираше италијанецот Антонио Тајани, кој беше еврокомесар за индустрија од 2010-та до 2014-та година во комисијата на Жозе Мануел Барозо.

Откако местото прв човек на Европарламентот остана испразнето по оставката на досегашниот претседател, Мартин Шулц, на 24-ти ноември изборот на негов наследник се очекува на 17-ти јануари.

Европската народна партија го номинираше италијанецот Антонио Тајани, кој беше еврокомесар за индустрија од 2010-та до 2014-та година во комисијата на Жозе Мануел Барозо.

Освен Тајани, во потесниот избор за кандидати на ЕПП за претседател на Европарламентот беа и французинот Ален Ламасур, ирката Мејрид Мекгинис и словенецот Алоиз Петерле, како и шефот на пратеничката група на ПЕС, италијанецот Џани Питела.