Италија: Премиерот итно опериран по враќањето од Париз

11.01.2017 13:47

Интервенцијата минала добро и тој добро се чувствува, но ќе остане во болница и наредните денови.

На италијанскиот премиер Паоло Џентилони кому му се слошило по враќањето од Париз, му била извршена хируршка интервенција на крвните садови. Интервенцијата минала добро и тој добро се чувствува, но ќе остане во болница и наредните денови.

Тој пред еден месец стапи на должност менувајќи го Матео Ренци, кој пак е на турнеја по европските земји.

Премиерот на Италија во вторник во Париз се сретна со францускиот претседател Франсоа Оланд.