Дојранско Езеро оковано во мраз

11.01.2017 14:02

По површината на езерото може слободно да се чекори, велат Дојранчани, а мразот достигнува десетина сантиметри дебелина.

Поларниот студ предизвика, Дојранско Езеро, и натаму да е оковано во мраз. По површината на езерото може слободно да се чекори, велат Дојранчани, а мразот достигнува десетина сантиметри дебелина.

Последен пат езерото беше замрзнато во 2000 година, кога беше измерена температура од минус 25 степени целзиусови.