На македонските аеродроми во 2016-та минале 1,8 милиони патници

11.01.2017 14:10

Истанбул остнаува најфреквентната дестинација од Аеродромот „Александар Велики“ – Скопје во 2016, со 12,6% пазарен удел, потоа следат Цирих со 10,2%, Виена – 6,3%, Базел – 5%, Малме – 4,8% и Лондон со 4,3% удел на пазарот.

Преку двата македонски аеродрома, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во 2016 година патувале 1,8 милиони патници, соопштуваат од „ТАВ Македонија“.

Вкупно 1.794.376 патници патуваa преку двата македонски аеродрома во 2016, што е зголемување  од 15 проценти споредено со 2015 година, кога имавме 1.560.381 патник. Истовремено, бројот на операции порасна за 8,9 отсто, достигнувајќи вкупно 16.883 летови. Задоволни сме што успеавме да постигнеме двоцифрено зголемување на бројот на патници на годишно ниво, кое е повисоко од просекот на ЕУ и од просекот во регионот- изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Истанбул остнаува најфреквентната дестинација од Аеродромот „Александар Велики“ – Скопје во 2016, со 12,6% пазарен удел, потоа следат Цирих со 10,2%, Виена – 6,3%, Базел – 5%, Малме – 4,8% и Лондон со 4,3% удел на пазарот.

Карго-сообраќајот на аеродромот во Скопје има значителен пораст од 10,9% во 2016 година, со вкупно 3.090 тони превезени авионски пратки. Ова зголемување главно се должи на зголемениот извоз на стоки, но исто така и на популаризацијата  на индивидуалните нарачки преку интернет превезени преку воздушен пат.

Изминатата 2016 година, според „ТАВ Македонија“, беше многу успешна година за зголемување на сообраќајот на аеродромот во Охрид, каде што бројот на патници порасна извонредни 39,2% на годишно ниво, поради што Меѓународниот совет на аеродроми во неколку последователни квартали го прогласи „Св. Апостол Павле“ за аеродром со најбрз раст во својата категорија.