НБРМ: Пониска каматна стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени

11.01.2017 15:37

Од НБРМ соопштуваат дека ваквата реакција на монетарната политика е резултат на натамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти и на растот на структурната ликвидност на банкарскиот сектор.

Народна банка реши, каматната стапка на благајничките записи да се намали за дополнителни 0,25 проценти поени и да изнесува 3,5 проценти.

Од НБРМ соопштуваат дека ваквата реакција на монетарната политика е резултат на натамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти и на растот на структурната ликвидност на банкарскиот сектор.

Велат дека има стабилизација и на девизниот пазар и кај депозитите во банкарскиот систем, штедењето расте.