Светска банка: Македонската економија со раст од 3,3% во 2017-та

11.01.2017 15:41

Светска банка предвидува умерено забрзување на глобалниот економски раст во 2017-та до 2,7 насто, откако лани минал посткризниот период. Во извештајот за „Глобалните економски перспективи“ за Македонија, годинава Светска банка прогнозира раст на БДП од 3,3% што е намалување за 0,7 насто споредено со јунските предвидувања на аналитичарите од Вашингтон. За в година, од македонската економија се очекува растот да забрза до 3,7%, односно до 4% во 2019-та.

Светска банка предвидува глобалниот економски раст во 2017-та да забрза умерено до 2,7 проценти, откако мина посткризниот период лани. Во извештајот за „Глобалните економски перспективи“ за Македонија, годинава Светска банка прогнозира раст на БДП од 3,3% што е намалување за 0,7 процентни поени во однос на јунските предвидувања на аналитичарите од Вашингтон. За в година од македонската економија се очекува растот да забрза до 3,7%, односно до 4% во 2019-та.

Во регионот Хрватска годинава ќе има раст од 2,5%, Србија 2,8%, Босна и Херцеговина и Бугарија 3,2%. Од Албанија се очекува економски раст од 3,5%, Црна Гора 3,6%, а од Косово 3,9%.

„По неколку години разочарувачки глобален раст, ние сме охрабрени да видиме посилни економски изгледи на хоризонтот. Сега е време да се искористат сите предности и да се зголемат инвестициите во инфраструктурата и во луѓето. Ова е од витално значење за забрзување на одржлив и инклузивен економски раст, што ќе овозможи да се стави крај на екстремната сиромаштија“, изјави претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким.

Ризиците за економскиот раст во регионот на Европа и Централна Азија, според извештајот на Светска банка, зависат пред сѐ од слабостите. Главните ризици можат да дојдат од пониските цени на стоките, нарушувањата на финансиските пазари, политичката несигурност или пак, забавувањето на растот во развиените економии, вклучувајќи ги Европа и САД, како и геополитичката несигурност во регионот.

Се очекува просечниот раст во регионот во периодот 2017-2019 да забрза до 2,7%, движен најмногу од обновувањето на извозот на стоки и подобрената доверба. Ова очекување е засновано пред се на континуираниот, но скромен раст на цените на стоките и олеснувањето на геополитичките тензии.

 

Свето Николовски