ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Да почнат разговорите за состав на новата Влада

12.01.2017 10:13

Извршниот комитет на партијата дал полн легитимитет на претседателот Груевски за отпочнување разговори за состав на новата влада кои треба да се водат на принципиелни основи, запазувајќи ги државните интереси.

Потребна е политичка стабилизација за продолжување на економскиот напредок, за што е неопходно составување на влада која ќе биде фокусирана кон исполнување на реалните потреби и барањата на граѓаните, заклучок од седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Било истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ освоиле најголем број гласови од граѓаните и императив е да се почитува волјата на мнозинството кое гласаше за програмата реално и проектите предвидени во неа.

Извршниот комитет на партијата дал полн легитимитет на претседателот Груевски за отпочнување разговори за состав на новата влада кои треба да се водат на принципиелни основи, запазувајќи ги државните интереси.

Во анализата на изборните резултати, било заклучено дека граѓаните на овие избори го поразија СДСМ и испратија јасна порака дека не прифаќаат политика на деструкција и партија чие раководство функционира според мафијашки принципи.