Над 22 лица повредени при судир на патнички и товарен воз кај Нови Сад

12.01.2017 10:21

Според директорот на железничкото претпријатие Србијавоз, Југослав Јовиќ, при несреќата потешко се повредени четири лица, додека останатите 18 минале со полесни повреди.

Најмалку 22 лица се повредени синоќа при судир на патнички и товарен воз во близина на Нови Сад. Според директорот на железничкото претпријатие Србијавоз, Југослав Јовиќ, при несреќата потешко се повредени четири лица, додека останатите 18 минале со полесни повреди.

Според извори во српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура, несреќата се случила кога патничкиот воз, што сообраќал на релацијата Нови Сад - Сомбор, удрил во последниот вагон од товарната композиција што се движела пред него.

Засега не се познати причините за судирот, како ни зошто двата воза се движеле по ист колосек.