Вевчански карневал: Утре дефиле под маски

12.01.2017 10:25

Традиционалното дефиле на маските ќе се одржи на 13-ти јануари попладне. Карневалот завршува в сабота со палење на маските.

Почнаа културните настани што се дел од Вевчанскиот карневал. Програмата е во знакот на одбележувањето на верскиот празник Свети Василиј Велики, заштитник на вевчанските василичари.

Забавниот дел почнува вечер со настап на домашните групи ДНК и Нокаут, а пред полноќ ќе се претстави групата Фрајле од Србија. Традиционалното дефиле на маските ќе се одржи на 13-ти јануари попладне. Карневалот завршува в сабота со палење на маските.

Вевчани ќе наликува на театар на отворено, а секое карневалско издание за Вевчанци е доживување и инспирација за изработка на маска за следната година.

Вевчанци ќе кажат сѐ, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.