Мексико: Нема да плаќаме за ѕидот на Трамп

12.01.2017 10:33

Енрике Пења Нието изјави дека неговата држава нема да плаќа за ѕидот што новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп има намера да го гради на границата меѓу двете држави.

Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието изјави дека неговата држава нема да плаќа за ѕидот што новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп има намера да го гради на границата меѓу двете држави.

Според него, Мексико повеќе би инвестирал во безбедност по границата, но не во ѕид.

Изјавата беше дадена по прес конференцијата на Трамп на кој тој повтори дека Мексико ќе го компензира градењето на ѕидот меѓу двете држави во една или друга форма.