Василичарски концерт: „Заборавени песни“ во МОБ

12.01.2017 10:45

Ќе бидат изведени традиционални македонски песни со специјално подготвени аранжмани од композиторот Илија Пејовски, но во програмата има и неколку популарни композиции.

Македонската опера и балет ја продолжува традицијата. По повод празникот Василица, вечер ќе одржи концерт насловен како „Заборавени песни“.

Ќе бидат изведени традиционални македонски песни со специјално подготвени аранжмани од композиторот Илија Пејовски, но во програмата има и неколку популарни композиции.

Песните ќе бидат во изведба на Андријана Јаневска, во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет. Режисер на концертот е Љупка Јакимовска, а диригентската палка е на Бисера Чадловска.