Уапсени две лица осомничени за поврзаност со нападите во Париз и Брисел

12.01.2017 10:50

Според електронското издание на весникот „Дерниер Јор“, полицијата привела маж и жена кои покрај за врски со нападите во Париз, се осомничени и дека им пружиле логистичка поддршка на браќата Бакрави, кои се разнесоа на аеродромот и на една метро станица во Брисел во март лани.

Белгиската полиција синоќа во бриселското предградие Лакен уапси две лица под сомнение дека се поврзани со терористичките напади во Париз во ноември 2015-та година.

Според електронското издание на весникот „Дерниер Јор“, полицијата привела маж и жена кои покрај за врски со нападите во Париз, се осомничени и дека им пружиле логистичка поддршка на браќата Бакрави, кои се разнесоа на аеродромот и на една метро станица во Брисел во март лани.

Жената и нејзиниот пријател одржувале врски со некои терористи во времето кога по нив се трагаше од Белгија и од Франција, во периодот меѓу нападите во Париз и во Брисел.

При нападите во Париз на 13-ти ноември 2015-та година беа убиени 130 лица, а во Брисел, 32-ца. Истрагата покажа дека двата напада биле извршени од членови на една иста исламистичка група, која дејствува на териториите на Франција и на Белгија.