Македонија го совлада Тунис

13.01.2017 10:25

Пресвртен момент во натпреварот беше во 45-тата минута кога Македонија израмни на 25–25, откако туниските ракометари по почетокот на второто полувреме постојано водеа со 2 до 4 гола разлика.

Репрезентацијата на Македонија го совлада Тунис со 34:30, полувреме 13:14, на воведниот натпревар од ракометното СП во Франција.

Капитенот Кирил Лазаров имаше маестрална партија со 12 голови и разбирливо беше избран за играч на натпреварот. Манасков и Стоилов постигнаа по седум погодоци.

Пресвртен момент во натпреварот беше во 45-тата минута кога Македонија израмни на  25–25, откако туниските ракометари по почетокот на второто полувреме постојано водеа со 2 до 4 гола разлика. Во 51’ Македонија поведе со 29 – 28, а во 53’ клучна одбрана имаше Трајковски и преку контрите  на Мансков се создаде посериозна разлика што ја одржавме до самиот крај.

Следниот натпревар Македонија го игра со Ангола во сабота.