Ѓорческа на чекор од Австралија Опен

13.01.2017 15:07

Таа за само 54 минути ја победи унгарката Далма Галфи со 2:0 во сетови, 6:1 и 6:1.

Убави спортски вести ни стигнуваат од Австралија. Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го оствари најдобриот и историски успех на македонскиот тенис со пласманот во третото квалификациско коло на отвореното првенство на Австралија, во Мелбурн.

Таа за само 54 минути ја победи унгарката Далма Галфи со 2:0 во сетови, 6:1 и 6:1.

Доколку ја победи швајцарката Стефани Вогел, Ѓорческа ќе се пласира на главниот турнир во Австралија.