Македонија во осминафинале

17.01.2017 20:17

Тоа се случи благодарение на на Словенија која во последните три минути надополни три негатива против Тунис за конечни 28:28.

Македонската ракометна репрезентација се пласираше во осминафиналето на СП во ракомет иако денеска не играше натпревар. Тоа се случи благодарение на на Словенија која во последните три минути надополни три негатива против Тунис за конечни 28:28.

Првото полувреме го доби  Словенија со 15:13 но во вториот дел Тунис се врати целосно во игра, во еден момент имаше резултат 28:23, но Словенците направија серија од 5:0 и со глот на Јанц на 4. секунди пред крајот го поставија конечниот резултат 28:28, со што и овозможија на Македонија прогрес во следната рунда.

И Македонија и Тунис имаат по 4 бода но нашата репрезентација е подбра во меѓусебниот скор, откако на премиерниот меч победивме со 34:30.

Во другите натпревари денеска се постигнати следниве резултати:

Норвешка – Бразил 39:26,  Полска – Јапонија 26:25,  Германија – Саудиска Арабија 38;24 и Катар – Аргентина  21:1.

Вечерва играат: Русија – Франција и Ангола – Исланд