Шпанија противник на Македонија во четвртата рунда на Мундијалот

18.01.2017 11:23

Избраниците на Лино Червар ветуваат максимална борба со оглед на тоа што евентуална победа може да значи и борба за едно од првите две места во групата и добивање полесен противник во осминафиналето.

Репрезентацијата на Шпанија е четвртиот ривал на Македонија на Светското првенство во Франција. Селекцијата на Шпанија важи за фаворит во дуелот, а тоа го потенцираа и нашите играчи за време на вчерашниот тренинг.

Сепак, избраниците на Лино Червар ветуваат максимална борба со оглед на тоа што евентуална победа може да значи и борба за едно од првите две места во групата и добивање полесен противник во осминафиналето.

Ова е еден од седумте натпревари што се играат денеска. 

Натпреварот Македонија- Шпанија вечерва од 20:45 на МРТ1.