Оскари 2017: Фаворит „Ла Ла Ленд“ со 14 номинации

24.01.2017 16:07

Мјузиклот „Ла Ла Ленд“ води по бројот на номинации со вкупно 14. Веднаш по него се „Доаѓање“ и „Месечева светлина“ со по вкупно 8 номинации. По 6 номинации добија филмовите „Гребен на спасот“, „Манчестер покрај морето“ и „Лав“, додека пак филмовите „По секоја цена“ и „Огради“ добија по четири номинации.

Американската академија за филм и наука ги објави номинираните филмови за наградата „Оскар“, во театарот „Семјуел Голдвин“ во Лос Анџелес. 89-тото свечено доделување ќе се одржи на 26-ти февруари во театарот „Долби“ во Холивуд.

Мјузиклот „Ла Ла Ленд“ води по бројот на номинации со вкупно 14. Веднаш по него се „Доаѓање“ и „Месечева светлина“ со по вкупно 8 номинации.  По 6 номинации добија филмовите „Гребен на спасот“, „Манчестер покрај морето“ и „Лав“, додека пак филмовите „По секоја цена“ и „Огради“ добија по четири номинации.

За најдобар режисер се номинирани: Денис Вилено, Мел Гибсон, Дамијен Шазел, Кенет Лонерган и Бери Џенкинс.

За најдобра женска улога се натпреваруваат Изабел Хуперт, Рут Нега, Натали Портман, Ема Стоун и Мерил Стрип.

За најдобра женска споредна улога се номинирани: Виола Дејвис, Наоми Херис, Никол Кидман, Октавија Спенсер и Мишел Вилијамс.

Во категоријата најдобра машка улога ќе се натпреваруваат Кејси Афлек, Ендрју Гарфил, Рајан Гослин, Дензел Вашингтон и Виго Мортенсен.

За најдобра машка споредна улога „Оскар“ имаат шанса да добијат Џеф Бриџис, Махершала Али, Дев Пател, Лукас Хеџс и Мајкл Шенон.

Свеченоста ќе се пренесува преку американската телевизиска мрежа ЕЈ-БИ-СИ, а домаќин на церемонијата ќе биде актерот Џими Кимел.

Марина Автовска